North Macedonia News

Бродот со хантавирус утре треба да пристигне на Тенерифе

Крузерот „MV Hondius“ се очекува утре рано наутро да пристигне на Тенерифе. Планирани се карантин и медицински проверки.

Крузерот „MV Hondius“, на кој тројца патници починаа од инфекција со хантавирус, се очекува утре рано наутро да пристигне на шпанскиот остров Тенерифе, соопшти операторот на бродот.. Од компанијата наведоа дека во тек се обемни подготовки поврзани со пристигнувањето, карантинот и процедурите за медицинска проверка на сите патници и на екипажот, како и плановите за нивните понатамошни патувања.. Во координацијата се вклучени институции од повеќе држави, меѓу кои Светската здравствена организација (СЗО) и холандските власти, а се остварува и блиска соработка со шпанските надлежни служби.. Состојба на бродот и превентивни мерки Според ажурираните податоци на СЗО, од четвртокот на бродот, кој плови под холандско знаме и на кој се наоѓаат 147 патници, не се регистрирани нови сомнителни случаи.. Сепак, властите предупредуваат на претпазливост бидејќи периодот на инкубација на хантавирусот може да трае и до шест недели.. По пристигнувањето во пристаништето Гранадиља на Тенерифе, шпанските власти ќе ја преземат одговорноста за медицинските постапки и за евентуалното организирано враќање на патниците во нивните матични земји.. Соединетите Американски Држави веќе најавија дека ќе организираат евакуација на своите државјани со авион.. Биланс на заразата Од избувнувањето на заразата на овој крузер, кој исплови на 1 април од јужна Аргентина, починаа три лица: постар брачен пар од Холандија и една жена од Германија.. СЗО во петокот извести за шест потврдени случаи на хантавирус, вклучувајќи ги трите смртни исходи меѓу вкупно осумте сомнителни случаи.. И покрај ова, организацијата нагласува дека ризикот од глобално ширење на вирусот е „исклучително низок“.. „Ова е опасен вирус, но само за лицата кои се навистина заразени.. Ризикот за општата популација останува многу низок“, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.. Координација на највисоко ниво Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, в сабота патува за Канарските Острови за да ја координира евакуацијата на патниците од бродот.. Заедно со него ќе бидат и шпанските министри за здравство и за внатрешни работи, со цел да се обезбеди координација меѓу државните агенции, следење на здравствената состојба и доследно спроведување на протоколите за надзор и одговор.. Локалните власти на Канарските Острови нагласија дека слегувањето на патниците од бродот мора да се изврши во периодот меѓу недела напладне и понеделник, што е единствениот можен термин поради најавените метеоролошки услови.. Во меѓувреме, лицата кои се сомневаат дека се заразени или кај кои инфекцијата е веќе потврдена, се наоѓаат на лекување или во самоизолација во неколку земји, меѓу кои Обединетото Кралство, Франција, Германија, Холандија, Швајцарија и Јужноафриканската Република.

Secret Link