General News

Свечено матурско дефиле во Крива Паланка

Матурантите од генерацијата 2022/2026 од СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка го одбележаа завршувањето на средното образование со свечено дефиле низ градот.

Во организација на Општина Крива Паланка и средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, со свечено дефиле на матурантите од генерацијата 2022/2026 беше одбележано завршното поглавје од средното образование на младите средношколци од општината.. Со многу насмевки, емоции и младешка енергија, матурантите достоинствено дефилираа низ градскита улица, испраќајќи едно незаборавно средношколско поглавје и чекорејќи кон нови животни предизвици и успеси.. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, упати искрени честитки до сите матуранти, со желби за многу среќа, успех и исполнети соништа, потенцирајќи дека токму младите се идните двигатели и градители на нашето општество.. -Денес со посебна емоција, радост и тивка возбуда, заедно со матурантите од СОУ „Ѓорче Петров“ (2022–2026), го проследивме нивното достоинствено дефиле низ градот.. Гордо испративме генерација која носи талент, сила и зрелост, генерација што со своето знаење и енергија ја гради иднината.. Генерација што не следи време, туку го создава – идни градители на нашето општество- рече Митовски во обраќањето пред матурантите во дворот на училиштето.. По дефилето низ градот, на градскиот плоштад се одржа мала прослава и симболично збогување со средношколските денови.. Митовски им посака среќа и успех во сите нови предизвици што ве очекуваат.

Крива Паланка, матурско дефиле, матуранти, образование, СОУ Ѓорче Петров, млади, Сашко Митовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Are you human? Please solve:Captcha