North Macedonia News

Последен поздрав за д-р Јордан Пачков, поранешен пратеник во Собранието

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на д-р Јордан Пачков, поранешен претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово, истакнат лекар, публицист, општественик и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, објави кумановскиот комитет на партијата.

Д-р Пачков беше човек со визија, достоинство и неизмерна љубов кон Куманово и Македонија.

Својот живот го посвети на медицината, науката, пишаниот збор и општественото дејствување, оставајќи зад себе трајни вредности и дела кои ќе сведочат за неговата посветеност и човечност.

Како претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово, со својата мудрост, принципиелност и чесност даде значаен придонес во развојот и зацврстувањето на организацијата, оставајќи длабока почит кај членовите и граѓаните.

Со своето дејствување како пратеник во Собранието на Република Македонија, достоинствено ги застапуваше интересите на граѓаните и државата, оставајќи белег во политичкиот и општествениот живот.

Неговото име и дело ќе останат трајно врежани во колективната меморија на Куманово.

Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите кои го познаваа и почитуваа.

Нека му е вечна слава и благодарност.Почивај во мир, д-р Јордан Пачков, стои во посоедниот поздрав до екс пратеникот.

Јордан Пачков, Куманово, ВМРО-ДПМНЕ, Собрание на Македонија, последен поздрав, македонска политика, вест

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Are you human? Please solve:Captcha


Secret Link