General News

Замина доајенот на македонското новинарство Живко Георгиевски

Македонската јавност се простува од Живко Георгиевски, поранешен директор на МИА и истакнат новинар, кој остави длабока трага во медиумскиот простор.

На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство.. Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година.. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и на ред други тогашни југословенски медиуми.. Кариерата во новинарството ја започнал како средношколец во весникот „Вечер“, а продолжил во младинската редакција на Радио Охрид и во други медиуми, посебно со заминувањето во Белград на студии.. По заминувањето од Охрид, Георгиевски долго ја водел македонската редакција на агенцијата Танјуг.. Неколку години престојувал во Џакарта, Индонезија, како дописник од тој дел од светот.. По враќањето, станува директор на редакцијата на Танјуг во Македонија.. Пред распадот на СФРЈ го формира Македонскоот прес биро, а потоа станува директор на агенцијата МИА од каде и заминува во пензија.. Живко Георгиевски ќе биде погребан утре на градските гробишта во Охрид.

Живко Георгиевски, новинар, МИА, Охрид, медиуми, Македонија, смрт

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Are you human? Please solve:Captcha


Secret Link