General News

Македонската PMG CONSTRUCTION со престижна победа во Будимпешта

Македонската компанија PMG CONSTRUCTION освои значајно признание на меѓународниот натпревар Baumit Life Challenge 2026, потврдувајќи го својот европски квалитет.

Македонската градежна компанија PMG CONSTRUCTION постигна голем европски успех, освојувајќи ја наградата на јавното гласање на престижниот натпревар Baumit Life Challenge 2026, кој се одржа во Будимпешта, Унгарија.. успех, PMG CONSTRUCTION уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најдобрите компании во Европа во областа на фасадната архитектура и современото градежништво.. четврто учество на македонската компанија на овој реномиран европски натпревар, а зад себе веќе имаа значајни резултати – победа на јавното гласање во Валенсија, Шпанија во 2022 година, како и победа во Љубљана, Словенија во 2024 година, каде што беа и финалисти избрани од стручното жири.. Baumit Life Challenge важи за еден од најпрестижните европски натпревари за фасадна архитектура и дизајн, на кој учествуваат стотици проекти од повеќе европски држави.. Натпреварот ги наградува најиновативните и највпечатливи фасадни решенија, а победниците се избираат преку комбинација на оценки од меѓународно стручно жири и јавно гласање.. PMG CONSTRUCTION претставува значајно признание не само за компанијата, туку и за македонската архитектура и градежна индустрија, кои добиваат сè поголемо внимание и признание на европската сцена.. голема чест и потврда за нашата посветеност, квалитет и визија.. Благодарни сме на сите што гласаа и дадоа поддршка“, велат од PMG CONSTRUCTION.

PMG CONSTRUCTION, Baumit Life Challenge, архитектура, фасада, Македонија, Будимпешта, градежништво

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Are you human? Please solve:Captcha