North Macedonia News

Видео: Валенсија го прави подвигот и го чека Реал во Фајналфорот

Валенсија од 0-2 до 3-2 во Евролигата се пласираше во Фајналфорот, каде ќе игра против Реал Мадрид.

Кошаркарите на Валенсија преку Панатинаикос се пласираа во Фајналфорот на Евролигата, нивен прв во историјата.. Валенсија дојде од 0-2 на 3-2 на најтешкиот можен начин, откако ги загуби првите два натпревари на свој паркет.. Ова е втор пат во историјата, екипа по 0-2 да го добие следните три натпревари и дас избори пласман на Завршниот турнир.. Претходно ваков подвиг направи Реал против Партизан во 2023 година.. Интрересно и тогаш и сега, на поразената страна беше центарот Матијас Лесор.. Валенсија мајсторката пред своите навивачи ја доби со 81:64.. Ова значи дека ќе играат против Реал Мадрид на Завршниот турнир, додека Фенербахче и Олимпијакос се среќаваат во второто полуфинале.. За да биде уште полошо за „зелените“, Фајналфорот се игра во Атина во нивата ОАКА арена.. Антикошарка се играше во првото полувреме, а особено во првата четвртина.. По првите десет минути беа постигнати само 24 поени, а вкупниот резултат од првото полувреме беше разочарувачки, со само 58 поени.. На паузата беше +12 за домашниот тим, а предноста набрзо порасна на +17 на почетокот на третиот период.. Сепак, следеше драма.. ПАО со серија од 16:2 и дојде на еден посед негатива, најавувајќи потенцијално интересен финиш, уште еден по ред, со оглед на тоа што ова е серијата со најмала разлика во победите по четири одиграни натпревари во историјата на плејофот во ЕЛ.. Валенсија ја стегна одбраната, беше многу поенергична и подобра во скокот во нападот, а потоа се награди за сето тоа со тројки – преку Томпсон и Де Лареа, и веднаш повторно беше +16.. Гостите од Атина не се опоравија од серијата на домашните.. Најзаслужен за оваа победа беше Бранко Бадио со 20 поени и пет скока, додека Брекстон Ки и Жан Монтеро постигнаа по 12 поени.. Кај ПАО, единствените со двоцифрен број поени беа Хејс-Дејвис со 15 и Осман со десет поени.

Евролигa, Валенсија, Реал Мадрид, Фајналфор, ПАО, Матијас Лесор, мајсторка 81:64

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Are you human? Please solve:Captcha


Secret Link