Владата со поддршка за Unified спорт во училиштата
Владата на Македонија и Специјалната Олимпијада промовираат инклузивно спортување преку заеднички активности за ученици со и без попреченост.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, оствари средба со претставници и спортисти од Специјална Олимпијада Македонија, како и со тимот на Специјална Олимпијада Европа – Евроазија.. Во фокусот на разговорите беше иницијативата за воведување на „Unified“ спортски активности во училиштата, каде ученици со и без попреченост ќе спортуваат заедно.. Владата дава целосна поддршка на иницијативата, со цел поттикнување на еднаквоста и инклузијата.. „Како Влада, даваме целосна поддршка на оваа иницијатива и веруваме дека таа ќе донесе вистински позитивни промени во општеството.. Нашата определба е секое дете да има еднаква можност да се развива, да биде прифатено и активно да учествува“, објави Мицкоски.. Целата објава може да ја погледнете на следниот линк