North Macedonia News

Обединување на Вреди: Пат кон реформи или ново етничко факторизирање?

Коалицијата Вреди официјално се обедини во едно политичко тело, но најавите за „етничко факторизирање“ отвораат прашања за вистинската насока на оваа структура.

Дали Вреди понуди визија за држава или нова формула за поделби?. Политичката коалиција Вреди, симболично, на Денот на победата против фашизмот во Скопје одржа конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело.. Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство, беше потврден од над 805 делегати на конгресот што се одржа во саботата попладне во Македонската филхармонија.. Од Вреди порачуваат дека оваа промена претставува чин на одговорност и доказ дека „заедничкиот интерес може да се стави над теснопартиските приоритети“.. Но во изјавата за јавноста портпаролот малку го извитопери првичниот концепт за „заедничкиот интерес и теснопартиските приоритети“.. – Нашата политичка платформа се базира на десноцентристичка ориентација со фокус на реална еднаквост на Албанците во институциите, правна држава, бескомпромисна борба против корупцијата и суштинско спроведување на Охридскиот рамковен договор – рече на прес-конференција претставникот на Вреди, Дритон Сулејмани.. Во пресрет на конгресот, и копретседателот на новоформираната партијата Изет Меџити изјави дека „со обединувањето, Вреди ќе се факторизира и ќе добие поголемо влијание кај етничките Албанци во земјава“.. Но токму овие пораки отвораат суштинска дилема!. Имено, дали станува збор за политички проект што сака да ја надмине фрагментацијата и да изгради поширока општествена кохезија или за уште една етнички профилирана структура што ја гледа државата низ призмата на етнички политички кампуси?. Обединувањето како вредност: Македонија има потреба од кохезија, а не од распарчување Во едно длабоко поларизирано и партизирано општество, секоја иницијатива за обединување, консолидација и надминување на ситните партиски суети сама по себе заслужува позитивен демократски третман.. Македонија со години страда од хронична политичка атомизација, лични суети, клиентелистички мрежи и теснопартиски калкулации што го задушуваат институционалниот развој.. Во тој контекст, идејата пет политички субјекти да се спојат во едно тело може да се чита како обид за создавање поконзистентен политички субјект, со појасна програма и поголема одговорност пред општото гласачко тело и целокупното граѓанство.. Обединувањето, како принцип, е цивилизациска вредност.. Тоа подразбира надминување на разликите поради повисоки цели, консензус околу заеднички интереси и создавање политичка стабилност што е предуслов за економски и институционален развој.. Во суштина, секое политичко групирање што ќе промовира правна држава, борба против корупцијата, институционална ефикасност и демократска отчетност треба да биде охрабрено.. Особено во земја како Македонија, каде што граѓаните со години се сведоци на нефункционални институции, селективна правда и системска партизација.. Легитимно е и правото на десноцентристичка политичка ориентација.. Во едно демократско општество, идеолошкиот плурализам не само што е дозволен туку е и неопходен.. Конзервативните, десноцентристичките, левите и сите други концепти се природен дел од еден политички и демократски спектар.. Проблемот, меѓутоа, започнува таму каде што идеологијата престанува да биде организиран збир на идеи, верувања, вредности и ставови што идеолошки го обликуваат погледот на опкружението за разбирање на општествените и политичките текови… и се претвора и станува етнички условен феномен.. Клучната контрадикција и кај Вреди: Зошто повторно етнички предзнак?. Токму тука започнува најсериозниот проблем во пораките на Вреди.. Додека на декларативно ниво се зборува за правна држава, еднаквост и борба против корупцијата, паралелно во политичката платформа повторно се вметнува етноцентристички елемент како суштинска политичка оска!?. Формулацијата „реална еднаквост на Албанците во институциите“ отвора сериозни прашања.. Што точно подразбира оваа теза?. Дали се инсинуира дека Албанците денес немаат институционална застапеност?. Дали не постојат веќе уставни, законски и системски механизми (што произлегоа од Охридски рамковен договор)?. Реалноста покажува дека таквата (патем, анахрона, етничка, а не мериторна) застапеност одамна е „институционализирана категорија во македонскиот систем“.. Од јавната администрација, преку безбедносните структури, до локалната самоуправа и извршната власт, „етничкиот баланс“ е веќе длабоко вграден во институционалната архитектура на државата, и тоа не заради квалитет, туку заради етнички квантитет како тежиште при интеграцијата во институциите на системот.. Оттука, кога повторно се отвора прашањето за „реална еднаквост“, тоа неминовно создава впечаток дека политичкиот фокус не е ставен на квалитетот, компетентноста и мериторноста, туку на етничката припадност како примарен критериум.. А тоа е повторно носење на опасен терен.. Мериторноста како жртва на етничкиот клуч Современата демократска држава не смее да функционира врз принципот „кому му припаѓаш“, туку „што знаеш и колку вредиш“.. Институциите не смеат да бидат етнички квоти, туку функционални механизми составени од најспособните, најетичните и најкомпетентните поединци.. Кога етничката припадност станува политички предуслов за институционално позиционирање, државата постепено се претвора во збир на етнички феуди.. Наместо интеграција, се создава паралелен систем на политичко-партиска лојалност.. Наместо граѓанска кохезија, се поттикнува перманентна етничка мобилизација.. Етничкиот клуч, кој првично беше замислен како механизам за стабилизација по конфликтот во 2001 година, денес сè повеќе се претвора во алатка за политичка репродукција на етничките елити.. Тоа е модел што создава зависност од етнички наративи и постојано производство на чувство на колективна загрозеност.. А секоја политика што опстојува преку страв и етничка мобилизација долгорочно ја слабее државата.. „Поголемо влијание кај етничките Албанци“… Што е тоа: политичка стратегија или опасна порака?!. Особено загрижува изјавата дека со обединувањето, „Вреди ќе се факторизира и ќе добие поголемо влијание кај етничките Албанци во земјава“.. Токму оваа формулација ја разголува суштинската слабост на концептот на Вреди.. Зошто политичкото влијание би било ограничено само на етничките Албанци?. Ако една политичка структура навистина верува во правна држава, антикорупција, економски развој и институционални реформи, тогаш нејзината амбиција мора да допре до сите граѓани, без разлика дали се Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Хрвати, Македонци или други.. Политичката зрелост не се мери според способноста да се мобилизира само „својот“ етнички кампус, туку според капацитетот да се создаде универзална граѓанска доверба.. Во спротивно, Македонија повторно останува заробена во старите етнополитички матрици: „македонски блок“, „албански блок“, „етничко гласачко тело“, „национален легитимитет“.. Токму тие матрици со децении ја држат земјава во состојба на перманентна политичка нестабилност.. Унитарноста на државата не смее да биде предмет на етнички инженеринг Најголема опасност од ваквите политички концепти е постепената ерозија на унитарниот карактер на државата.. Кога политичките партии систематски се организираат и дејствуваат исклучиво по етничка линија, институциите почнуваат да се перципираат како територии на етничко влијание, а не како заеднички државен систем.. Тоа создава психолошка и политичка сегрегација.. Државата тогаш престанува да биде заеднички проект на сите што живеат во неа и оние што се иселени, но и на малцинствата надвор од матицата, при што се претвора во арена на етнички преговарања и балансирања.. Наместо натпревар на идеи, се добива натпревар на етнички квоти.. Историјата на Балканот одамна покажала дека ваквите модели не создаваат стабилност, туку долгорочни тензии.. Македонија има потреба од национална зрелост, а не од етничко политикантство Ако Вреди навистина сака да биде модерна десноцентристичка и реформска сила, тогаш нејзин најголем исчекор би било напуштање на етничката ексклузивност.. Борбата против корупцијата не е албанско прашање.. Правната држава не е етничка категорија.. Економскиот развој не познава национална припадност.. Квалитетното образование, здравството, инвестициите и функционалните институции се универзални потреби на сите граѓани.. Токму затоа, секоја политичка визија што сака да биде современа и европска мора да се темели врз граѓански принципи, а не врз етничка мобилизација.. Во спротивно, обединувањето на петте партии нема да значи историски исчекор кон политичка зрелост, туку само создавање поголем и поконсолидиран етнополитички блок.. А Македонија веќе предолго ја плаќа цената на таквите блокови!

Вреди, Македонија, обединување, етничка политика, коалиција, политичка зрелост, институции

Secret Link