North Macedonia News

Николоски најави нови инвестиции во инфраструктурата на Виница

Владата останува силен партнер на општините.

Во Виница инвестираме во бројни инфраструктурни проекти во патишта и улици, водоводни системи и други проекти за да го подобриме животот на граѓаните, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Виница.

Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Виница, Митко Костадинов, извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и во соработка со општината.

“Навистина ми е драго што сме на почеток на еден ваков убав настан на отворање на пазарот нешто што беше долгогодишно ветување.

Мислам дека ова е најдобар доказ дека општината предводена од градоначалникот Митко Костадинов ги реализира работите кои што ги ветува, а со поддршката од Владата и од премиерот Христијан Мицкоски ќе продолжиме во следниот период уште поголеми работи да се реализират.

Се работи за една исклучително активна општина, општина која што не е најголема во државата, но по активност се брои со најголемите општини во државата и сакам да честитам на градоначалникот за таа работа.

Покрај отворањето на пазарот и реконструкцијата на главната улица во село Градец, во тек е реконструкција на општински локален пат од Блатец до Детлово, понатаму завршена е реконструкција на Ванчо Прке во Виница, завршена е реконструкција на кровот од административната зграда на општината, завршено е осветлувањето на просторот на Градскиот парк и пред стадионот во Виница.

Во тек е реконструкција на улици во село Блатец, завршена е реконструкција на дел од улица 4 во село Јакимово, завршена е реконструкција на улици Раде Кратовче, Кочо Рацин, Пролетерска, Ѓорче Петров, Блок 18 итн.

Паралелно со тоа, заедно со Светска банка завршивме со реконструкција на улицата Страшо Пинџур, завршена е изградбата на улица во село Црн камен, во тек е изградба на улица во село Јакимово и завршена е промена на улично осветлување во должина од околу 15 км на сите улици.

Ова се проекти на кои што навистина може да позавидат и поголеми општини.

Ќе продолжиме во следниот период, во координација со премиерот Христијан Мицкоски и со министрите во Владата да помагаме на општината и на градоначалникот и ќе имаме многу убави вести во периодот кој што следи.” – изјави вицепремиерот Николоски.

Александар Николоски, Виница, инфраструктурни проекти, општинска поддршка, градски пазар, улично осветлување

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Are you human? Please solve:Captcha


Secret Link