Недела на сестринството: министерот Алиу најавува поддршка за сестри и акушерки

Неделата на сестринството отвори барања за видливост, договори и повисоки плати, додека министерот Алиу најавува законски решенија и динамика на покачување.
Медицинските сестри, кои се главниот столб во здравствениот систем, по повод „Неделата на сестринството“ бараат да бидат повидливи, да се реши нивниот работен статус, недостигот од кадар и да има повисоки плати.. Надлежните институции велат дека веќе е започнато решавањето на проблемите со покачувањето, кое се случува за прв пат по 2024 година, но и решавањето на нивниот работен однос.. Со решавањето на овие проблеми ќе се подобри и негата на пациентите.. Од Националното здружение на медицински сестри посочуваат дека главниот проблем за одливот на овој кадар е недостигот на светско ниво.. „Столбот се медицинските сестри, значи не може да биде без нив.. Мора тие да бидат препознаени во легислативата, во законот, за да можат да имаат свои компетенции и да не бидат сервис-служба, туку со свои точно утврдени ингеренции и задачи.. Мора да се развива дигитализацијата, да се осовременуваат, мора да има документација, мора да се бават со истражување за да можат да ги потенцираат барањата кои се неопходни, потребите на пациентите“, изјави Велка Гавровска Лукиќ, претседател на Националното здружение на медицински сестри Министерот за здравство Азир Алиу вели дека, според базата на податоци, тие се свесни за недостатокот од кадар и затоа веќе се работи на сите проблеми заедно со работните групи на Министерството и синдикатот.. „Дефиниравме динамика на покачување на платите и во наредните години, но тука исто така влегува и законската дефиниција на тоа што значи медицинска сестра, како делуваат во здравствениот систем.. За жал, досега тоа не е направено и работиме интензивно со стручни лица да се најде решение, како овој профил, што ни е јадро, што ни е битен, да може да биде дел од законските одредби на Министерството за здравство“, изјави Азир Алиу, министер за здравство Договорите на дело веќе се елиминираат и почнува да се решава работниот статус на медицинските сестри, посочува директорот на Фондот, Клековски.. „Медицинските сестри добија, во договор со синдикатите, посебен дел бидејќи беа линеарни зголемувања, со што се овозможи послабо платените медицински сестри, вклучувајќи ги и тие надвор од Скопје, и генерално медицинските сестри, да добијат значително зголемување кое во одредени случаи оди до 30 проценти номинално или околу 15 проценти реален раст, ако го одбиеме растот на инфлацијата во овој период“, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство Инаку, најголем недостиг има на сестри-акушерки на примарно ниво, а за да се зголеми бројот потребни се сестри со високо образование, кои се во мал број кај нас.. Неделата на сестринството е одбележана со низа настани и тематски дискусии.. На светско ниво недостасуваат 350 илјади сестри.
Недела на сестринството, Азир Алиу, медицински сестри, акушерки, работен статус, покачување плати, недостиг од кадар