Ден на Европа: Оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“

Владата и Делегацијата на ЕУ организираат програма по повод Денот на Европа, со акцент на придобивките од интеграциите.
На 9 Мај Европа ја славигодишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија.. Тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа како средство за драстично намалување на можностите за нова војна меѓу европските народи, што подоцна стана позната како „Шуманова декларација“.. Идејата на Шуман за здружување на западногерманската, италијанската и француската индустрија за јаглен и челик се реализираше веќе на 18 април 1951 со потпишувањето на Парискиот договор за создавање на Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ).. Договорот стапи во сила на 23 јули 1952 година кога официјално беше формирана ЕЗЈЧ која ја сочинуваа Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Холандија и Франција, како заедница претходник на ЕУ.. Во 1952 година во чест на Шуман и „Шумановата декларација“, 9 мај беше прогласен за Ден на Европа, кој се чествува секој година како ден кога се слават мирот и единството во Европа, а истовремено беше промовирано и денешното знаме на ЕУ како Знаме на Европа.. Дополнително, во 1960 година Европскиот парламент го прогласи Шуман за „Татко на Европа“.. По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Владата денеска организира свечена церемонија под слоганот „Победа, принципи и вредност“, во чии рамки премиерот Христијан Мицкоски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата и ќе се обрати пред присутните.. Денот на Европа во земјава се слави со кампања којашто ќе трае цел месец мај.. Почетокот на кампањата „Мај – месец на Европа“, во понеделникот го означи вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, заедно со евроамбасадорот во земјата Михаил Рокас, други амбасадори на европски земји, меѓународни партнери и претставници на домашните институции.. Со оваа иницијатива Владата има цел да оди подалеку од традиционалното одбележување на Денот на Европа на 9 мај и да го претвори целиот месец мај во заедничка платформа за промоција на процесот на европска интеграција и негово доближување до граѓаните.. Во своето обраќање министерот Сали истакна дека фокусот на кампањата е насочен кон пренасочување од техничките аспекти на преговорите кон конкретните придобивки од членството во Европската Унија вклучувајќи повеќе можности за младите, развој на инфраструктурата и поддршка на локалната економија.. Во текот на мај ќе се организираат разни активности и ќе се презентираат успешни приказни од проекти поддржани од Европската Унија, кои веќе имаат директно влијание врз подобрувањето на животот на граѓаните.. Кампањата се реализира како заеднички приоритет на Владата, во соработка со граѓанскиот сектор, универзитетите, бизнис-заедницата и културните институции, со цел процесот на европска интеграција да стане повидлив и позначаен за сите граѓани.. Делегација на ЕУ во земјава денеска во Градскиот парк во Скопје ќе биде домаќин на централниот настан за оваа година одржан по повод Денот на Европа, кој ќе биде отворен за сите граѓани.. Од 11:00 до 18:00 часот, просторот околу летната сцена „Школка“ ќе биде организиран во неколку тематски области, нудејќи забава за посетителите од сите возрасти.. На Денот на Европа во Скопје ќе има по нешто за секого: од игри и забава организирани од земјите-членки на ЕУ, од делот за храна (Slow Food and Food Corner) и штандови со рециклирани предмети (Combo Creative Studio) до можноста за учење за растенијата и урбаното зеленило (Cvetko) или локални еколошки бизниси (Yes for Less).. Денот на Европа ќе биде збогатен со музичка програма со настапи во живо на танцовата компанија „Еурека“, Дина Јашари, Звада, „Конкеринг Лион“, „Дапунк и Дабл Г“ , Емили Нас и Мартина Пенева.. Денот на Европа ќе заврши на зајдисонце, кога зградата на Владата на Северна Македонија ќе биде осветлена во сино.. Програмата за Денот на Европа за 2026 година, под слоганот „Наша Европа.. Посилни заедно“ се организира од Делегацијата на Европската Унија, мрежата на Јуроп Хаус и амбасадите на земјите-членки на ЕУ.. Целосната програма е достапна на https://link.europa.eu/Nhb7kG и на социјалните медиуми на Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус.. Денот на Европа e прогласен за празник на ниво на ЕУ и е неработен ден за вработените во европските институции.. Меѓу членките на ЕУ, 9 мај е државен празник само во Луксембург, додека во Романија тој се поклопува со Денот на независноста на земјата.. По повод на Денот на Европа, ЕУ и нејзините институции секоја година организираат настани и манифестации за одбележување на празникот.. Денеска, на самиот Ден на Европа, во земјите членки на ЕУ ќе се одржат бројни активности, настани и концерти.