North Macedonia News

Алиу: Целосниот извештај за кардиохируршките интервенции останува доверлив поради заштита на пациентите

Министерот за здравство Азир Алиу објасни дека извештајот од странските експерти за сомнителни интервенции не може да биде јавно објавен поради заштита на приватноста и медицинските податоци на пациентите.

Извештајот од странската експертска комисија, која изврши независен стручен увид на 13 случаи и потврди девет случаи поврзани со сомнежи за непотребни кардиохируршки интервенции, содржи лични и медицински податоци на пациентите, како и детална медицинска документација, дијагностички наоди, податоци за третманот и клиничкиот тек на случаите.. Во согласност со член 25 став 1 од Законот за заштита на правата на пациентите, личните и медицинските податоци на пациентот мора да се чуваат во тајност во согласност со прописите за заштита на личните податоци.. Поради тоа, пристапот до целосниот извештај не може да биде овозможен во форма што би содржела податоци од медицинската документација на пациентите – изјави министерот за здравство, Азир Алиу.. Во вакви случаи, посочи министерот, не е доволно само технички да се затемнат името и презимето затоа што преку комбинација на дијагнози, датуми, установи, тип на интервенција, клинички тек и други медицински детали може да се дојде до индиректна идентификација на пациентите.. На прашање дали деветте случаи се истите оние што ги потврди и интерната комисија, тој истакна дека станува збор за истата група од 13 предмети што беа издвоени по стручната анализа на интерната комисија и доставени на дополнителен независен увид до странските експерти.. – Странската комисија направи сопствена, независна анализа на доставената медицинска документација и кај девет од тие 13 предмети утврди сомнителни наоди во дијагностичката евалуација и несоодветна индикација за ендоваскуларни или хируршки процедури.. Затоа беше соопштено дека наодите на странската комисија во значаен дел се поклопуваат со наодите на домашната интерна комисија, но секоја комисија работеше самостојно и независно – вели Алиу.. Во врска со тоа зошто се инсистира дека случаите се сомнителни кога и двете комисии утврдиле дека интервенциите биле непотребни, тој потенцира дека Министерството за здравство не смее да носи правни квалификации.. Според него, нивна обврска е да ги соопштат стручните наоди, да ги достават до надлежните институции и да преземат системски мерки за да се спречи повторување.. Прашан во однос на евентуално ново вештачење од Јавното обвинителство, кога веќе има потврдени наоди од домашната и од странската комисија, тој истакнува дека Министерството за здравство не најави ново вештачење од Јавното обвинителство, ниту може да најавува процесни дејства во име на друга институција.. – Тоа што беше соопштено е дека наодите од домашната и странската стручна комисија ќе бидат доставени до надлежните институции, вклучително и до Јавното обвинителство.. Наодите на двете комисии претставуваат стручна основа и затоа Министерството ќе постапи институционално и одговорно.. Но, евентуалните наредни чекори, вклучително и дали ќе се бара дополнително вештачење, се во надлежност на Јавното обвинителство, а не на Министерството за здравство – додаде Алиу.

Азир Алиу, кардиохирургија, медицински извештај, здравство, заштита на пациенти, Министерството за здравство, медицинска етика

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Are you human? Please solve:Captcha


Secret Link