North Macedonia News

Рајанер ја затвора базата во Солун: Грција останува без 12 авионски рути

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ ја затвора базата во Солун поради зголемените аеродромски такси, што ќе резултира со укинување на 12 линии низ Грција.

„Рајанер“ ќе ја затвори својата оперативна база на аеродромот во Солун оваа зима и ќе го намали бројот на летови до и од градот.. Одлуката доаѓа откако операторот на аеродромот „Фрапорт Грција“ ги зголеми годишните такси, изјави вчера главниот комерцијален директор на компанијата.. Во разговор со новинарите во Атина, Џејсон Мекгинес рече дека не е постигнат напредок во преговорите меѓу нискобуџетната авиокомпанија и „Фрапорт“, која ги зголеми таксите на неколку грчки аеродроми.. „Фрапорт Грција продолжи да ги зголемува таксите, кои сега се за 66 проценти повисоки отколку пред пандемијата на Ковид“, предупреди Мекгинес.. „Фрапорт Грција“ соопшти дека сите тврдења што ја поврзуваат одлуката на „Рајанер“ со аеродромските такси или таксата за развој на аеродромот, воведена од грчката држава, се целосно неосновани.. „Одлуката за намалување на зимските операции на аеродромот „Македониа“ во Солун е исклучиво поврзана со комерцијалната стратегија на „Рајанер“, нејзиниот бизнис модел и проценката на профитабилноста“, изјави „Фрапорт“.. Ирскиот превозник, најголем во Европа по број на патници, има 95 оперативни бази низ целиот континент каде што одржува авиони и кабински персонал.. Минатиот месец, исто така, објави затворање на својата база во Берлин поради повисоки такси и даноци.. Мекгинис не прецизираше дали најновиот потег ќе резултира со намалување на работните места меѓу 100-те вработени во базата во Солун.. Капацитетот ќе биде намален и на аеродромот во Атина оваа зима, што ќе доведе до вкупна загуба од 700.000 седишта и 12 рути низ Грција.. Авионите ќе бидат пренасочени кон Албанија, Италија и Шведска.

Secret Link